Струга ТЛ заминува на пауза со предност кај Вардар, Силекс со водство над Тиквеш (ВИДЕО)

Струга ТЛ има предност на Националната Арена во дербито против Вардар, и продолжува со одличните игри сезонава.

Голот го постигна Буњамин Шабани во 19. минута, откако со глава ја затресе мрежата на Талески по центаршут на Фал. Претходно шанса имаше Компаоре, кој се најде во идеална позиција, меѓутоа Талески одбрани.

Вардар имаше повеќе посед на топката, но не беше конкретен по голот на Ангелети. Ударот на Мато не донесе опасност по голот на Струга, а исто така и слободниот удар од страна на Бабунски.

На вториот меч во Кратово, Силекс брка прва победа после три кола порази во ПМФЛ. И има предност во дуелот со Тиквеш со 1-0 по првите 45. минути.

Се вчитува...