Струга Трим Лум со убедлив триумф на првиот тест од подготовките

Новиот прволигаш Струга Трим Лум со убедлив триумф на првиот пријателски натпревар летово ги почна подготовките за својата дебитантска сезона во елитното македонско фудбалско друштво.

Стружани на тестот против екипата на Вардар Форино, кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, славеа убедливо со 6-1.

Стрелци на погодоците за Струга ТЛ беа во Ардит Шаќири, во три навради, два погодоци постигна Флорент Османи и еден Абдулахја Шкор.

Се вчитува...