Aктуелниот шампион на Македонија Струга Трим и Лум славеше на домашен терен со 4-1 против Пелистер во премиерниот натпревар од 26. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.
Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со голот од пенал на Ланре Кехинде во 22. минута. Гостите израмнија на 1-1 исто така од пенал, преку Александар Ристевски во 30. минута. До крајот на првиот дел пелистерци останаа и со играч помалку откако црвен картон доби Филип Бошковски.
Ново водство за домаќините 2-1, донесе Влајковиќ на самиот старт на вториот дел, односно во 46. минута.
На 3-1 зголеми Буњамин Шабани во 77. минута, додека конечните 4-1 ги постави Кехинде во 94. минута.
ПРВА ЛИГА – 26. КОЛО (денеска, 15 часот)
Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 3-1
Кехинде 22′(п); 94′, Влајковиќ 46′, Шабани 77′ – Ристевски 30′(п)
УТРЕ, 15 ЧАСОТ
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР
Гостивар: БЕСА – ГОСТИВАР
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
Охрид: ВОСКА – СИЛЕКС
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА