Струга триумфално против МРК Куманово

Ракометарите на Струга стигнаа до првата победа во плеј-аутот во Суперлигата на Македонија, откако во премиерниот меч од денешната понуда од 2. коло на домашен терен славеа против МРК Куманово со 26-24.

Гостите подобро го отворија натпреварот и на полувреме успеаја да заминат со минимална предност од 14-15.

Сепак, домашниот тим се надмина себе си во вториот дел. Стружани одиграа неверојатно и на крајот успеаја да стигнат до голема победа во битката за опстанок од 26-24.

Лазар Ристиќ со осум гола е прво име кај победникот, кај поразените Давид Димевски постигна пет.

 

Се вчитува...