Струга убедлива по првиот дел против АП Брера, Шкупи со предност против Работнички (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Струга ТЛ има најубедлива предност по првите 45 минути на натпреварите од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига. Предност има и за Шкупи во Чаир на дуелот против Работнички, а Гостивар и Вардар играат без голови на натпреварот во Гостивар.

Струга ТЛ има предност од 2-0 против АП Брера благодарение пред се на одличниот Бесарт Ибраими.

Ибраими најпрво во 33. минута од пенал донесе предност од 1-0 за стружани…

А, во 38. минута по неговиот шут од слободен удар од околу 25 метри, на одбиената топка крајно неспретно реагираше гостинскиот дефанзивец Руфати кој си ја смести топката во сопствената мрежа.

Шкупи, пак, води со 2-1 против Работнички. Најпрво домашните дојдоа до предност со головите на Рватубјае во 21. минута и на Гронер во 29. минута.


А, Работнички во 35. минута пред Адем по мешаницата пред голот на домашните успеа да намали на 2-1.

Силекс води со 1-0 против Македонија ЃП благодарение на голот на Анѓелески уште во 17. минута.

Во Кавадарци, пак, во дербито на Истокот, Тиквеш и Брегалница играат со резултат од 1-1 по првите 45 минути.

Гостите поведоа со голот на Соломон Кинг уште во 7. минута.

А, во 30. минута на 1-1 израмни Бразилецот Робертињо Нето…

ПМФЛ – 23. КОЛО (прво полувреме)
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
Анѓелески 17′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 1-1
Нето 30′ – Соломон Кинг 7′
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2-1
Рватубјае 21′, Гронер 29′ – Адем 35′
Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА 2-0
Ибрами 33′(п), Руфати 38′ (аг)
Гостивар: ГОСТИВАР – ВАРДАР 0-0

Се вчитува...