Струга Трим Лум денеска во Луксембург ќе го одигра реваншот против Свифт Есперанж во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Победата со резултат 3-1 од првиот меч во Скопје му дава за право на македонскиот шампион да се надева на пласман во последното коло.
Тренерот Шпетим Дуро вели дека остануваат уште 90 минути, па се од првиот натпревар треба да се заборави.
„Во овој натпревар влегуваме со позитивен резултат од првиот натпревар, но остануваат уште 90 минути за игра. Зборував со тимот дека треба да го заборавиме првиот натпревар, треба да се фокусираме на овој натпревар за да дадеме се од себе и да продолжиме во следната рунда. Се надевам дека тимот ќе има уште еден добар настап во Европа“, изјави Дуро.
Натпреварот меѓу Есперанж и Струга Трим Лум е со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА