Ракометарите на Струга во трилер натпревар славеа на домашен терен над Прилеп со минимални 22-21 во натпревар од 18. коло во ракометната Суперлига на Македонија. Домаќините подобро го отворија натпреварот и во текот на целото прво полувреме имаа предност, а на пауза заминаа со позитива од два гола 12-10.
И во вториот дел Струга беше во водство во текот на целиот меч, а Прилеп цело време го бркаше резултатот и во неколку наврати успеа да израмни. Сепак, во завршницата посконцентрирани беа домаќините за конечен триумф од 22-21.
Жарко Бајрактаревиќ со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените залудни беа деветте погодоци на Давор Шокоски. Струга со оваа победа го прескокна Прилеп на првенствената табела и во моментов е на 9. место со 16 бода, односно еден повеќе од денешниот противник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА