Резултатската криза на Струга ТЛ продолжи и на денешното гостување во Струмица против Брера, каде стружани освоија само еден бод (0-0).
Ова беше петти меч во низа на кој Струга ТЛ нема победа од почетокот на 2026, со што овој тим и дефинитивно го загуби чекорот во трката за титулата, па до крајот на сезонава го очекува борба со Силекс за третата позиција на табелата.
Стружани беа далеку од посакуваното ниво, се мачеа да искреираат стопроцентна шанса за гол, а Брера со борбеноста и со прикажаната игра дефинитивно заслужи бод, со кој оваа екипа продолжи со добрите игри во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.
Башкими очекувано славеше на гостувањето против „фенерџијата“ Шкупи со 0-2, со два гола постигнати во второто полувреме од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

