Струга закажа силни контроли во Анталија

Фудбалерите на Струга ТЛ на 8 јануари ќе ги продолжат подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона, а македонскиот првак веќе закажа и пријателски натпревари што треба да послужат овој тим во топ-форма да го дочека продолжението од сезоната.

Предвидено е тимот десет дена да тренира во Струга, по што на 18 јануари експедицијата на Струга ТЛ главната фаза од подготовките ќе ја мине во Анталија, Турција.

Стружани ќе останат во Анталија до 1 февруари, а во меѓувреме ќе одиграат и неколку квалитетни контролни натпревари. Прв ривал ќе им биде унгарски Дебрецин на 20 јануари, по што ќе следи и дуел со Корона од Полска, па пресметка со рускиот прволигаш Рубин Казањ, а серијата пријателски средби ќе биде завршена со дуелите со Кизилхар од Казахстан и со Михаловце од Словачка.

Струга ТЛ сезоната во домашното првенство ќе ја продолжи на 16 февруари со гостување против Гостивар, а на 23 февруари актуелниот првак ќе ја пречека екипата на Вардар.

Се вчитува...