Струмичани први го најдоа лекот за Штип сезонава

Големото дерби во мак-одбојката меѓу Штип и Струмица максимално ги оправда очекувањата, донесе квалитетна одбојка и многу возбудувања, завршувајќи со триумф на струмичани од 2-3 во сетови. Во таборот на Штип имаат за што да жалат, овој тим беше перфектен во досегашниот дел од сезоната, a воедно имаше и предност од 2-0 во дербито, но и тоа беше недоволно за да се стигне до триумф.

Домаќинот самоуверено го отвори натпреварот и имаше сигурно водство од 2:0 во сетови, но струмичани не се предадоа. Во следните два сета комплетно се вратија во игра, изедначувајќи на 2:2 во сетови. Во тај-брејкот влегоа фуриозно гостите со 6:1, односно 9:4, а потоа и со комплетен пресврт стигнаа до важна победа.

Јован Милев со 20 поени беше лидер на Струмица, следен од Кристијан Илијев со 17. Во редовите на Штип УГД, Махди Задмард со 22 поени беше најдобар поентер на мечот додека Стојан Илиев имаше 18 поени, а Стојче Арсов 12 поени.

Штип УГД и покрај поразот останува на лидерската позиција на табелата со бод повеќе од второпласираната Струмица.

Се вчитува...