Одбојкарите на Струмица Џио ќе ја бранат шампионската титула во првенството на Македонија откако го совладаа Вардар со 3-1 во сетови во ’мајсторката’ што ја играа на домашен терен во полуфиналето на плејофот. Со вториот триумф (2-1), струмичани обезбедија финална серија против Шутова.
Струмица Џио го доби првиот сет со 25-19, а во вториот им дозволи на вардарци да освојат два поени повеќе. Гостите се понадеваа на пресврт со освојување на третиот сет со 26-28, но Струмица Џио го комплетираше мечот откако славеше и во четвртиот сет со 25-21.
Одбојкарите на Струмица Џио ќе имаат можност да ја одбранат двојната круна од минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА