Младите кошаркари на МЗТ Скопје, Михајло Митев и Ранко Мамузиќ, сезоната ќе ја довршат во екипите на Струмица односно Кожув, каде што ќе настапуваат како отстапени играчи.
Како што информираат од редовите на македонскиот шампион, причина за овој потег е тие да добијат поголема минутажа, а со тоа и искуство, кои ќе придонесе уште повеќе да напредуваат во својата игра. Ваквата одлука е донесена во договор со управата и стручниот штаб на клубот, а пред се во интерес на двајцата кошаркари.
По крајот на сезоната, Митев и Мамузиќ ќе се вратат во таборот на МЗТ Скопје каде што ќе продолжат да ги одработуваат повеќегодишните договори со клубот од Аеродром.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА