Македонските одбојкарски шампиони во машка и во женска конкуренција, екипите на Струмица и на Работнички, ги дознаа противниците за првото коло од квалификациите во Лигата на шампионите на ЦЕВ.
Струмица имаат тешка задача пред себе против шампионот на Грција, екипата на Олимпијакос, чии амбиции се место во групната фаза на натпреварувањето. Во женска конкуренција, пак, шампионот Работнички исто така ќе има тешка задача против екипата на Волунтари од Романија.
Струмичани ќе бидат домаќин на првиот меч во периодот од 17. до 19. септември, додека реваншот ќе се одигра на гостински терен во периодот од 24. до 26. септември. Работнички, пак, на првата средба ќе биде домаќин во Скопје од 1. до 3. октомври, додека реваншот ќе биде на гостински терен во Романија од 8. до 10. октомври.
И двете екипи доколку не успеат да ја минат првата рунда ќе добијат шанса да продолжи во ЦЕВ Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА