Кошаркарите на Струмица славеа во израмнет натпревар со 60-64 (20-9,15-19,9-20,16-16) на гостувањето против АВ Охрид во 11. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Струмичани успеаја да го изненадат Охрид во дуелот на екипи од дното на првенствената табела, па стигнаа до четвртата своја победа сезонава, покрај оние седум порази.
Иако охриѓани одлично го почнаа натпреварот, сепак Струмица со квалитетна игра во третиот период тотално ја анулираа предноста на домашните и стигнаа до пресврт. Во финишот во драматична завршница, сепак гостите успеаја да ја зачуваат предноста за конечни 60-64.
Најефикасен кај Струмица беше Богоев со 19 поени, додека Јокиќ имаше 15 постигнати поени. Кај Охрид предводеше Милојевиќ со 16 поени, а Михајловски имаше 12 поени. Васиљевиќ мечот го заврши со „дабл-дабл“ ефект од 10 поени и 12 скока.
Фени Индустри, пак, без поголеми проблеми стигна до убедлива победа од 77-63 во дуелот против Вардар.
Од самиот старт кавадарчани наметнаа ритам за триумф, па на крај славеа со 14 поени разлика. Најдобри кај Фени беа Николовски со 13 поени и 8 скока, и Марковски дуелот го заврши со 11 поени и 10 скока. Кај Вардар, пак, предводеше Адекунле со 17 поени, пет скока и три асистенции. Девет поени имаше Лефковски, а со 8 поени мечот го заврши Србиновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА