Струмица ја одбрани титулата во македонската одбојка

Одбојкарите на Струмица Никоб успеаја да ја одбранат титулата во домашниот шампионат откако на убедлив начин славеа во финалната серија против ГОК Борец со максимални 3-0.

Во решавачкиот натпревар кој се одигра вечерва во Струмица, домашните славеа со максимални 3-0, по сетови, 25-18, 26-24 и 25-19.

Ова за струмичкиот клуб е јубилејна десетта титула во одбојкарскиот шампионат на Македонија.

Се вчитува...