Струмица ја одбрани титулата во одбојкарскиот куп на Македонија

Одбојкарите на Струмица 47&72 ја одбранија титулата во Купот на Македонија. Струмичани на Ф4 туринирот вечерва славеа над Вардар со максимални 3-0, по сетови (25-21, 25-12, 25-17).

Првиот сет беше најнеизвесен, а во останатите само рутински фаворитите ја приведоа работата до самиот крај. Екипата на Струмица е прв фаворит и за одбрана на титулата во домашниот шампионат.

Кај дамите Работнички жени направи големо изненадување добивајќи ја Јанта Волеј.

Се вчитува...