Кошаркарите на Струмица стигнаа и до втората победа сезонава во Првата македонска кошаркарска лига славејќи во 13. коло против подмладениот тим на Карпош соколи со 86-71.
Уште од самиот почеток домашните наметнаа ритам за победа, добивајќи ја првата четвртина убедливо со 24-13. Потоа само се одржуваше предноста за конечен триумф.
Најефикасен кај струмичани беше Делипетров со 25 поени, дополнети и со 7 скока, а Стојменов мечот го заврши со 16 поени. Кај поразените најдобар беше Најдовски со 15 поени а Богдановски постигна 14 поени.
По оваа победа, Струмица побегна од последната позиција со две победи колку што има и Шкупи. Карпош соколи, пак, остана на претходните пет победи наспроти и осум порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА