Одбојкарите на Струмица се чекор поблиску до одбрана на трофејот во македонското првенство откако триумфираа и во вториот натпревар од големото финале против Штип по меч од пет сета со 3-2.
Во суперинтересен натпревар струмичани го добија првиот сет со 25-11, но штипјани покажаа далеку подобра игра во вториот сет, славејќи со 19-25 за изедначување.
Третиот сет донесе голема битка (25-23) за ново водство на Струмица по што гостите одново возратија со сите сили, одново изедначувајќи со 13-25 во четвртиот сет.
Во одлучувчкиот сет одново триумифраа домаќините со 15-13 за предност од 2-0 во финалната серија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА