Македонскиот одбојкарски шампион Струмица го заврши настапот во квалификациите во ЦЕВ купот откако и во реваншот доживеа пораз од словенечка Мурса, овојпат на гостински терен.
По поразот во Струмица минатата седмица од 3-2, овојпат Словенците беа подобри со 3-1, по сетови 21-25, 25-17 и 25-15. Струмичани одлично го отворија натпреварот освојувајќи го првиот сет, но немаа сила за ништо повеќе.
Со овој пораз македонскиот шампион го заврши настапот и во второто во ранг европско натпреварување, а претходно елиминација во првото коло доживеа и во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА