Струмица шокирана: Загуби четири сета во Капошвар и испадна од ЦЕВ-купот

Одбојкарите на Струмица беа шокирани на гостувањето против Капошвар, губејќи со 3-0, потоа и во златен сет, со што македонскиот првак беше експресно елиминиран и од ЦЕВ-купот, откако претходно загуби од Олимпијакос во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Првата победа од 3-0 на домашен терен минатата седмица внесе огромен оптимизам во редовите на струмичани, кои се надеваа на нов позитивен резултат во Унгарија. Не само што тоа не се случи, туку Капошвар целосно доминираше на теренот, возвраќајќи со идентични 3-0. Унгарскиот претставник во првиот сет славеше со 25-19, најинтересно беше во вториот сет што нашиот првак го загуби со 28-26, а Струмица во третиот повторно немаше среќа, губејќи со минимални 26-24.

Патникот во следната рунда во ваков случај се решава со „златен сет“, а Унгарците полни со самодоверба го одиграа овој клучен дел од мечот, славејќи со конечни 15-11, на огромно разочарување на македонскиот шампион.

Се вчитува...