Македонскиот првак Струмица експресно го заврши настапот во квалификациите за Лигата на Шампионите откако нашите одбојкари загубија и на реваншот против грчки Олимпијакос со идентични 3-0 во Атина, како што тоа беше случај и на првиот меч одигран во Струмица. И покрај желбата за добро издание, факт е дека струмичани налетаа на далеку посилен противник кој знаеше како да ја потврди разликата во квалитет.
Одбојкарите на македонскиот шампион прикажаа нешто подобра игра во однос на првиот меч, па така во првиот сет загубија со 25-19, во вториот освоија 17 поени, а во третиот стигнаа до 21 поен, недоволно за да се избегне нов максимален пораз од грчкиот гигант.
Стојан Илиев имаше 12 поени, Волков и Владо Милев по 9. Најдобар поентер кај Олимпијакос беше Атанасијевиќ со 19 поени.
Поразот во двомечот со Олимпијакос не значи и крај на европската авантура на Струмица, бидејќи македонскиот првак сега ќе се сели со настап во ЦЕВ-купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА