Струшки турнир: Вардар лесно до триумф над Тиквеш

Вардар успешно ја почна одбраната на трофејот на Струшкиот ракометен турнир откако „црвено-црните“ славеа над екипата на Тиквеш со резултат 34-27.

Одлично деби на голот на „вардарци“ имаше голманот Еспиња, кој помогна поранешниот првак да стигне до предност од 15-11 по првото полувреме. Тиквеш во вториот дел се приближи на 24-22, но Вардар одговори со серија од 4-0, повторно се одлепи резултатски и на крајот славеше со конечни „плус седум“.

Јагуриновски со шест и Срдановиќ со пет погодоци беа најефикасни во таборот на Вардар, Еспиња имаше десет успешни интервенции, додека Манасков беше прв стрелец на Тиквеш со шест постигнати гола.

Утре на програмата на Струшкиот турнир се две нови средби, домаќинот Струга во 18.30 часот ќе се сретне со грчки ПАОК, а од 20.40 е закажан стартот на дуелот меѓу Тиквеш и шведскиот претставник Ескилстуна.

Се вчитува...