Традиционалниот ракометен турнир „Струга 2021“ оваа година ќе биде по долго време за првпат без меѓународен карактер.
Спротивно на традицијата струшкиот турнир, кој ќе се одржи од 12. до 15. август на отвореното игралиште на Женската плажа во Струга, сега ќе биде без екипи од странство, со шест домашни ракометни клуба.
Бранителот на трофејот Еурофарм Пелистер ќе игра во групата Б заедно со Металург и Тиквеш, додека актуелниот шампион Вардар за противници во групата А ќе ги има екипите на домаќинот Струга и Бутел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА