Стружани го изненадија Пелистер 2

Струга славеше на гостувањето против вториот тим на Еурофарм Пелистер со 22-23, во пријателскиот натпревар во Битола меѓу двата тима кои ќе бидат дел од плејофот во домашниот шампионат.

„Пелистерци“ настапија значително ослабени, без Стефан и Јован Талески, како и без Арсеновски, а стружани го искористија тоа и во драматична завршница стигнаа до победата. Рајатовски го постигна победничкиот гол за Струга, битолчани имаа шанса да израмнат во самиот финиш, но Јовановски го запре последниот удар на Дрогришки.

Ракоција со пет и Илиевски со четири гола беа најефикасни во редовите на стрга, додека први стрелци на Пелистер вечерва беа Петровиќ и Дрогришки со по шест погодоци.

Се вчитува...