Ракометарите на Струга се наоѓаат многу близу до обезбедување на место во баражот за влез во Супер-лигата, откако денеска во прволигашкото дерби на гостински терен го совлада Металург јуниор со 21-26. Стружани влегоа во овој меч со еден бод заостанување зад тимот од Кисела Вода, свесни дека само триумф може да им го донесе второто место на табелата, но успеаја целосно да одговорат на предизвикот.
Мечот беше израмнет само во првите дваесетина минути, кога резултатот гласеше 7-7, потоа Струга поведе со 11-13 на крајот од полувремето, за по десетина минути игра во второто полувреме да поведе со убедливи 13-19, предност што гостите знаеја како да ја задржат до самиот крај.
На едно коло до крајот Струга има предност од еден бод во однос на „металурзите“, па со триумф во последната рунда против Текстилец, стружани би си ја исполниле зацртаната цел – пласман во баражот и битка за влез во елитното ракометно друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА