Македонскиот шампион, екипата на Струга ТЛ претпладнево пристигна на Исланд каде утре од 18:45 часот ја очекува реванш средбата од плејофот во УЕФА Конференциската лига против Бредибалик.
Исланѓаните информираа дека распродадени се сите билети за утрешната пресметка во Копавогур на стадионот „Копавогсволур“ кој е со капацитет од 3.009 седишта.
За Бреидаблик ова е историска шанса за место во групите од Конференциската лига ако се знае дека Исланѓаните имаат предност од 1-0 по победата на првиот дуел во Охрид. Но, и тоа како желба за изненадување постои и во таборот на Шпетим Дуро без разлика на поразот од првиот дуел и без разлика што тимот ќе биде ослабен со неиграњето на Марјан Радески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА