Стружани со полни трибини и голема самодоверба против Жалгирис за второ коло во ЛШ

Македонскиот фудбалски шампион денеска на домашен терен против Литвански Жалгирис ќе го одигра реванш натпреварот од двомечот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Tренерот на стружани, Шпетим Дуро не го криеше задоволството од настапот на првиот меч, но одново фаворитската улога му ја препиша на литванскиот шампион со оглед на искуството во европските натпреваруања.

„На првиот натпревар одигравме добро, можам да кажам дека и резултатот беше прифатлив. Уште претходно кажав дека се играат два натпревари, ништо не се знае и ништо не е готово.

Ние како тим не летаме премногу, дури сме многу скромни од сите аспекти и од сите гледишта. Знаеме дека противникот има големо искуство во европските натпревари, па затоа повторно ќе кажам дека Жалгирис по многу гледишта е фаворит, како искуство, буџет кој е 20 пати поголем од оној на Струга. Се надевам на полн стадион и голема поддршка“, вели Дуро.

Првиот натпревар одигран во Литванија заврши без голови 0-0, а денешниот меч на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид е со почеток во 17 часот.

Се вчитува...