Стружани убедливи против „пандевци“ на полувремето, Шкупи шокирано од Скопје, „нула“ на дербито на Истокот (ВИДЕО)

Неверојатно прво полувреме одигра лидерот Струга ТЛ во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, создавајќи убедлива предност од 3-0 против Академија Пандев на дуелот на Градскиот стадион во Струга.

Шок, пак, во првите 45 минути доживеа Шкупи, под водство на новиот тренер Чихан Арслан, кој има негатива со Скопје од 0-1.

Стружани до предност дојдоа во 12. минута со голот на Бесарт Ибраими кој успеа од слободен удар од лево да ја изненади комплетната одбрана на гостите.

Веќе во 15. минута Бесарт Ибраими со втор гол за водство и од 2-0.

А, во 20. минута Мухарем погоди за водство и од 3-0 за Струга ТЛ.

Интересно, е што творецот на предност Бесарт Ибраими ја напушти играта во 44. минута откако се најде во дуел со противнички фудбалер, па Шпетим Дуро се одлучи да го извади од игра.

Скопје изненадувачки има предност од 0-1 против Шкупи на гостувањето на Чаир. А, да биде шокот за чаирчани уште поголем погодокот за водството на Скопје го постигна Анид Абази, 20-годишниот крилен офанзивец кој потекнува од школата на Шкупи и до оваа сезона играше за шампионот од Чаир.

Шкендија, пак, очекувано има предност од 1-0 против Победа пред своите навивачи во Тетово. Стрелец на голот за водство на Шкендија беше Алмир Реџепи во 29. минута од средбата.


Во Штип, на дербито на Истокот, меѓу Брегалница и Тиквеше нема погодоци.

ПМФЛ – 25. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА -ТИКВЕШ 0-0
Скопје: ШКУПИ – СКОПЈЕ 0-1
Абази 21′
Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ 3-0
Ибраими 12′, 15′, Мухарем 20′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 1-0
Реџепи 29′
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-1
Личина 24′, Алексовски 76′ – Мазари 26′

Се вчитува...