Стружани убедливо до триумф со Тиквеш за израмнување на врвот со Силекс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Струга ТЛ максимално ја оправдаа фаворитската улога и убедливо триумфираа со 3-0 против Тиквеш во првиот денешен натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани, на тој начин се израмнија на лидерската позиција на табелата со Силекс, со по 15 бода.

Домашните до предноста дојдоа со голот на Компаоре од пенал во 39. минута од средбата.

Претходно, Буњамин Шабани имаше 100% шанса порано да ги доведе домашните до водство но иако очи во очи со гостинскиот голман не успеа да реализира.

Во второто полувреме, Компаоре во 58. минута зголеми и на 2-0 по извонредна реакција и со погодок со глава донесе дуплирана предност за домашните.

А, Марјан Радески со третиот свој гол сезонава во 79. минута ги постави конечните 3-0.

ПМФЛ 5. КОЛО: (денеска)

СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 3-0

(19.00 ч.) ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 

ПРЕТХОДНО

ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1 

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0

АП БРЕРА – ШКУПИ 1-0

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 3-1

Се вчитува...