Финалето на третото издание на НБА Купот се одигра во „Т-Мобајл Арена“ во Лас Вегас, место познато по големите настани на УФЦ, а трофејот заврши во рацете на Њујорк Никс, кои ги победија Сан Антонио Спарс со резултат од 124:113 (28:30, 31:31, 30:33, 35:19).
Виктор Вембањама привлече внимание во поразениот тим, кој го заврши натпреварот со 18 поени (7/17 од поле, 2/6 за тројки и 2/4 од линијата за слободни фрлања), заедно со шест скока, две блокади, една асистенција и една украдена топка.
Со оглед на потенцијалот и стандардите што ги постави Французинот висок 224 сантиметри, јасно е дека ова беше настап под неговото вообичаено ниво. По натпреварот, младиот кошаркар не можеше да ги скрие емоциите кога еден француски новинар му постави прашање на неговиот мајчин јазик.
„Не ме обвинувајте… Денес изгубив некого… Само уште едно прашање…“, проговори Вембањама низ солзи.
Подоцна, новинарот на „Атлетик“, Џаред Вајс, повикувајќи се на извор во Сан Антонио, објави дека бабата на Вембањами починала во Франција.
Покрај емоционалниот товар, Вембањама беше дополнително ограничен од повреда на листот, која го ограничи на само 25 минути на теренот, што дополнително влијаеше на неговиот настап во финалето.
Wemby says he lost someone close to him in his presser
Condolences to him 🙏 pic.twitter.com/oq5ZqpT49H
— Oh No He Didn’t (@ohnohedidnt24) December 17, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

