Сцена за паметење од „Ла Бомбoниера“ во чест на Марадона (ФОТО)

Едно од најголемите фудбалски имиња кое го памети човештвото, Диего Марадона почина во 60-та година од животот од срцев удар.

Светот загуби неверојатно фудбалско име. Планетата на разни начини се збогува од легандата. Неговата Бока јуниорс приреди посебно збогум за својата икона.

„Ла Бомбониера“ наредниов период постојано целосно ќе биде во мрак, а само едно светло ќе биде запалено и тоа она од местото каде Диего години наназад ги гледаше натпреварите на својот омилен тим.

 

Се вчитува...