Сцената кога Тајсон посети Зоо-парк: Сакав само да ја нокаутирам таа самобендисана горила

Легендарниот Американски боксер Мајк Тајсон говореше за периодот од кариерата кога беше непобедлив, а со фановите сподели една информација која досега ја немал кажано во јавноста.

„Му платив на чуварот да не пушти мене и мојата сопруга Робин во Зоолошката градина во Њујорк. Кога дојдов пред кафезот со горилата, една од нив ги малтретираше останатите. Изгледаа немоќни пред него. Му понудив на вработениот да го отвори кафезот и да ме пушти да ја нокаутирам горилата, но за жал тој ме одби“, изјави Тајсон. 

Тајсон во 1986 година стана најмладиот шампион во светот по победата над Тревор Бербик. За жал по неколкуте години поминати на врвот вниманието го привлекуваше со многу скандали поради кои веќе не беше на нивото како на почетокот на кариерата.

Се вчитува...