Ливерпул доживеа незапаметен пораз од 0-3, барем за последните години функционирање, на својот „Енфилд“. „Црвените“ загубија од Аталанта во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа во меч во кој Италијанците на крај почувствуваат како „Енфилд“ знае да цени квалитетно издание на противникот.
Како што пренесуваат англиските медиуми навивачите на Ливерпул по завршувањето на мечот станаа и со неколкуминутни аплаузи ги испратија фудбалерите на Аталанта кон соблекувалните.
Аплаузи за противнички фудбалери, и тоа во траење од неколку минути, не е нешто што често се гледа на фудбалските терени во светот. Но, „Енфилд“ знае да цени…
Факт е и дека добар дел навивачи на Ливерпул и предвреме го напуштија натпреварот незадоволни од изданието на своите миленици.
Liverpool fans leaving Anfield after Atalanta scored their third goal 😲 pic.twitter.com/FtpHZTeCQd
— Pubity Sport (@pubitysport) April 11, 2024
Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, пак, не ги штедеше играчите по срамниот пораз.
„Ужасен резултат и настап… Единствена утеха е дека при ваков висок пораз Јирген Клоп ќе треба да тргне на се или ништо во Премиерлигата“ – рече Карагер по синоќешниот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА