Вистинска драма се одвиваше на натпреварот меѓу Уругвај и Боливија во квалификациите за Светското првенство 2026.
Во последните минути од натпреварот, дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез, имаше сериозни тешкотии со дишењето, поради што го напушти теренот и веднаш се дофати за боца со кислород.
Условите на стадионот „Вила Ингенио“ во Ел Алто се екстремни, бидејќи се наоѓа на 4.100 метри надморска височина. Фудбалската федерација на Боливија одлучи да ги пресели своите игри на овој стадион во октомври минатата година, сметајќи дека висинската предност ќе му помогне на тимот да се пласира на Светското првенство во 2026 година. Иако традиционалниот боливиски стадион Ла Паз е веќе познат по својата височина од 3.640 метри, федерацијата реши да оди уште подалеку и да игра на терен кој се наоѓа 600 метри повисоко.
Tough conditions in Bolivia: José María Giménez had to use an oxygen bottle during the match.
El Alto Stadium sits at 4,150 meters above sea level.
pic.twitter.com/i06FeOJ0Ax
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 26, 2025
Овој чекор беше одговор на лошите резултати на тимот, кој претрпе три порази на последните пет натпревари, па беше одлучено да се искористи дополнителната висинска предност. На надморска височина од 4.100 метри воздухот е многу тенок, со само 0,82 грама на литар, од кои само 0,17 грама се кислород, што го отежнува дишењето дури и за професионалните спортисти.
Па, натпреварот на крај заврши без голови.
Боливија сега заостанува еден бод зад Венецуела, која ја зазема плеј-оф позицијата, додека Уругвај е на третото место со 21 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА