Навивачите на украинскиот клуб Деснa, одлучија да се пресметкаат со директорот на стадионот, Гагарин Овчаренко, кој откако неодамна беше назначен за директор на градскиот стадион одлучи да не му дозволува на ФК Десна од Чернихив повеќе да игра тука.
Таа вест ги разбесне навивачите на клубот кои ја презеле работата во свои раце, па одлучиле Овчаренко малку да го „повозат“ во контејнер низ улиците на градот.
Навивачката група влетала во канцеларија кај Овчаренко, го извлекле надвор, уфрлиле во контејнер и го шетале низ градот. Директорот на стадионот добил само полесни повреди на главата, но според најавите најавил дека ќе ја преиспита својата одлука за забрана за настапи на клубот на градскиот стадион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА