Златан Ибрахимовиќ во голем стил почна да ја освојува и фудбалска Америка, а најави дека ќе биде дел и од Светското првенство во Русија. Но, дилемите ги разреши селекторот на Швеѓаните, Јане Андерсон.
„Не, апсолутно не. Тој веќе рече дека нема да игра. И други играчи кои веќе се простија, не се вклучени во плановите. Тие кои рекоа „да“, ќе бидат на СП. После ЕП во Франција, Златан и уште неколку фудбалери рекоа дека веќе нема да играат за репрезентацијата, и јас тоа го почитувам. Не можам да разберам зошто медиумите шпекулираат, но и тоа што Ибрахимовиќ го говори. Јас знам ние што разговаравме со него. Имавме договор и тој кон мене беше многу искрен и сосема јасен“, изјави селекторот Јане Андерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА