Студен туш за Челси во финишот од Барнли, Астон Вила само до бод против Лидс (ВИДЕО)

Екипата на Челси не успеа да го победи Барнли, односно испушти победа во финишот од мечот кога гостите успеаја да стигнат до израмнување и до еден бод (1-1). И покрај тоа што Челси важеше за голем фаворит, и поведе уште во 4. минута преку Педро, сепак, на крајот во судиското надополнување гостите успеаја да стигнат до голем бод.

Флеминг во третата минута од продолението успеа да израмни, откако од 72. минута „сините“ играа со играч помалку. И тоа не беше се, туку Барнли имаше голема шанса да стигна и до победа од ова тешко гостување, но не искористи супер шанса пред самиот крај. Во следната акција и Челси со прилика да дојде до победата, ама на крај остана 1-1.

Со истиот резултат заврши и пресметката помеѓу Астон Вила и Лидс. Со тоа што тимот од Бирмингем во финишот мораше да се спасува од пораз, по раното водство на Лидс преку Стах во 31. минута. Абрахам со гол во 88. минута донесе израмнување и бод за домаќинот.

Единствен тим кој дојде до победа во трите мечеви од Премиерлигата од 16 часот беше Брајтон кој со головите на Гомез и на Велбек на гости го победи Брентфорд.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...