Студен туш за Хрватска, Египет го замолкна Загреб

Хрватска им приреди студен туш на своите навивачи во Загреб, откако загуби од Египет во третото коло од прелиминарната фаза, и така наместо четири, ќе пренесат два бода во следната фаза.

Хрватите одиграа многу лош меч, или подобро кажано Египет одигра одлично во Загреб, и не му дозволи на противникот ниту еднаш да има водство. Единствено што направија Хрватите е тоа што неколку пати се доближија на -1 гол, но тоа е се што успеаја да направат.

Домаќините немаа решение за Омар, кој постигна шест голови. Кај Хрватска, Мартиновиќ постигна исто толку, но недоволно да се дојде до победа.

Се вчитува...