Студен туш за Ливерпул од „фенерџијата“ Вулверхемптон (ВИДЕО)

Ливерпул продолжува да ги разочарува своите фанови оваа сезона, откако вечерва одигра загуби на гостувањето кај последнопласираниот Вулверхемптон со 2-1. Со овој пораз „црвените“ бегаат од првите четири места на табелата и пласманот во Лигата на шампионите идната сезона, додека за Вулверхемптон ова се бодови за надеж дека може на крајот да дојдат до сензација и да изборат опстанок.

А, малку имаше знаци дека домашните ќе триумфираат, со оглед дека гостите имаа повеќе од играта, имаа повеќе удари кон голот на противникот, но на крајот „волците“ дојдоа до неверојатен триумф.

Вулверхемптон дојде до предност ов 78. минута. Прекрасен гол постигна Рикардо Гомеш кој излезе сам пред голот и со лоб удар го совлада излезениот Алисон, за голема радост на домашните навивачи.

Ливерпул веднаш врати преку Нгумоха кој со помош на голманот Са ја погоди стативата. Сепак, во 83. минута Салах донесе израмнување со одличен удар по една соло акција. 

И кога се чинеше дека „црвените“ ќе тргнат по победата, до неа дојде последнопласираниот тим на табелата. Андре се одлучи на удар, топката се одби од Гомез, и заврши зад грбот на Алисон, за ново водство и триумф на „жолтите“.

Се вчитува...