„Студен туш“ за навивачите на Реал: Зидан не прави „кам-бек“

Легендата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан им приреди студен туш на навивачите на овој тим, откако истакнал дека нема намера по третпат да го презема кормилото на „кралевите“, кои ги водеше со успех во минатото. Фановите се надеваа дека Зидан ќе се врати и ќе го наследи Анчелоти на клупата, но тоа нема да се случи.

Како што јавува „Марка“, Зидан ја одби можноста повторно да биде на чело на „кралевите“ доколку Анчелоти на крајот на сезоната се реши да замине и да го преземе кормилото на Бразил.

Зидан се најавува како можно решение за клупата на ПСЖ. Долго време се поврзуваше и со селекторската позиција на Франција, но откако Дешамп го продолжи договорот, јасно беше дека Зидан ќе се сврти кон клупскиот фудбал. И натаму е главен фаворит за францускиот шампион на местото на Кристоф Галтие.

Се вчитува...