Студен туш за Реал Мадрид на Мајорка (ВИДЕО)

Титулата во Ла Лига полека „бега“ од Реал Мадрид. „Кралевите“ направија огромен чекор назад од трофејот, откако загубија на гостувањето кај Мајорка со 2-1. Реал Мадрид одигра слаб натпревар, успеа да израмни во самиот финиш, но Мајорка со уште еден гол им нанесе болен пораз, со кој сега Барселона има шанса да замине на седум бодови разлика ако вечер го совлада Атлетико Мадрид.

Морланес во 41. минута донесе предност за домашните. По центаршут од десната страна, Морланес ја смири топката, излезе сам пред Лунин и рутински го совлада.

Реал Мадрид долго време се мачеше да дојде до погодок, и успеа да израмни во 88. минута. Нафрли Трент од корнер, а Милитао со глава погоди во мрежата и донесе израмнување.

И кога се чинеше дека „кралевите“ ќе тргнат по победа, шок за избраниците на Алваро Арбелоа донесе Муричи. По една супер акција, ја прими топката во шеснесетникот, доцнеше Карерас и Косовецот ја смести во горниот десен агол.

Ова е лоша увертира за Реал пред првиот меч од 1/4 финалето во ЛШ против Баерн Минхен на „Бернабе“.

Се вчитува...