Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на тренинг комплескот на ФФМ „Петар Милошевски“ го одработи првиот тренинг во пресрет на последната авантура за оваа 2024 година.
Нашите репрезентативци в четврток и в недела на националаната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе одиграат натпревари против Летонија и Фарски острови, во кои ќе треба само да го потврдат првото место во Лигата на нации.
И покрај ладното време во Скопје, репрезентативците со многу насмевки и одлична атмосфера го одработија првиот тренинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА