„Студентите“ го „положија“ приемниот испит кај професор Лазаров (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометната репрезентација на Македонија на убедлив начин со убедлив триумф над Луксембург (38-24) ги почна квалификациите за Европското првенство 2024 година во Германија.

Новата Македонија во која веќе ги нема како играчи, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов и тоа како го положи приемниот испит и покажа дека и покрај големата промена и смената на генерација се уште ќе бидеме озбилен фактор.

Луксембург не е противник кој што ќе ги покаже нашите вистински квалитети, но леснотијата со која добивме еден „аутсајдер“ е нешто со кое не можевме да се пофалиме во минатото.

Дефинитивно „студентите“ го „положија“ приемниот кај професор Лазаров. Кој просек ќе го имаат во продолжение на студиите останува да видиме…

 

 

 

Се вчитува...