Студентски центар го освои Сплит на стартот на АБА

Кошаркарите на Студетски центар славеа на гостувањето кај Сплит со 72-76 во премиерниот натпревар од новата сезона во регионалната АБА лига.

Двата тима одиграа еден израмнет прв период во кој за нијанса подобри беа домаќините кои по првите десет минути имаа предност од 21-18. Предноста поранешниот европски шампион успеа да ја задржи и во вториот период и на пауза да замине со два поени позитива 37-35.

Израмнетата игра продолжи и на стартот на вториот дел. Гостите одиграа за нијанса подобро и во последните десет минути влегоа со минимална предност од 50-51. Со серија од 7-0 гостите на стартот на последниот период стигнаа до највисоките плус осум (50-58).

До крајот освојувачот на АБА суперкупот го приведе мечот за конечен триумф од 72-76. Игор Дробњак со 15 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените 16 постигна Тонко Вуко.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...