Студија за падот на европската кошарка: Младите „греат“ клупа покрај Американците

Преголемиот број на странски играчи во Евролигата го загрозува развојот на младите кошаркари и ја намалува нивата шанса за докажување, вели студијата на „RunRepeat“. Притоа мора да се напомене фактот дека бројот на Американци во најсилното кошаркарско натпреварување на „Стариот континет“ бележи пораст од 119% во однос на последниет две децении. Додатно, не помага ни фактот дека „елитните“ европски кошаркари заминуваат за НБА лигата, а младите таленти ги следат нивните чекори во обид да се докажат на најсилната сцена, а улога има и „богатството“ кое се нуди во Северна Америка.

Резултатите од студијата и анализата на 2,634 кошаркари од Евролигата го покажува огромниот пад, кој вели дека во првите пет сезони на натпреварувањето, дури 44% од минутите биле доделени на домашни кошаркари, а оваа бројка во последните три сезони бележи пад на 30%. Притоа, пандемијата на коронавирус е „виновна“ за оваа бројка да забележи мал скок оваа сезона.

 

Kога станува збор за играчи под 26 годишна возраст, нивната минутажа во почетоците на лигата изнесувала 27%, но бележи пад од 63% во последните три години. Најголем проблем во овој поглед имаат талентите од Русија, Израел, Турција и Италија, а бројките на Италијанците се навистина фрапантни. Минутажата на овие играчи во 2003 година изнесувала 36% од вкупниот број на минути на еден натпревар, а во последните три сезони таа изнесува само 9%.

Притоа во седум од десет држави кои имаат претставници во Евролигата, падот на минутажа кај овие играчи е изразена со повеќе од 50%.

Италија, Русија и Турција не дозволуваат повеќе од 5% од целата минутажа на младите таленти, додека Грција и Франција ги исполнуваат очекувањата.

Комплетната студија на „RunRepeat“ може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

Се вчитува...