Офанзивниот фудбалер Суад Сахити, ги напушти редовите на Шкупи, и се врати во Косово. Тој во иднина ќе го носи дресот на Фероникели, со кого потпиша договор на една година.
Сахити се задржа на „Чаир“ една сезона, откако дојде од тимот на Лапи. Претходно настапуваше во Зрински, Висла Плок, Септември Софија, АЕ Лариса, Скендербег и Работнички.
Во минатата сезона настапи на 10 натпревари, постигна два гола и една асистенција. Имаше скромна минутажа од 397 минути, по што се реши да замине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА