Суарез без влакна на јазикот: Во Барса ме презираа…

Луис Суарез по шест години поминати на „Камп Ноу“ изминатото лето го напушти каталонскиот состав и се пресели во редовите на Атлетико Мадрид каде ја доживува својата втора младост, а сега одлучи својата приказна во Барселона да ја сподели и со јавноста.

„Во моментот кога Барселона одлучи да не смета на мене, започнаа преговорите со Атлетико. Сакав да ја донесам најдобрата одлука за себе и мојата фамилија. Навистина тешко го поднесов начинот на кој се разделивме со Барса. Куман ме побара и ми кажа дека повеќе не смета на мене. Начинот на кој однесуваа кон мене покажува дека ме презираа, а мојата жена и деца гледаа колку тажен заминувам на тренинг. Се потрудив да ја најавам промената без да направам некакви проблеми“ – изјави Суарез за шпанските медиуми.

Насмевката на неговото лице се врати со доаѓањето во Атлетико каде на 16 одиграни средби во шпанското првенство има постигнато 14 погодоци.

„После тажните денови кога ја напуштив Барселона, сфатив дека дојдов во клуб кој се бори за важни работи. Осетив дека ме посакуваат и ќе се обидам да им помогнам“ – додаде Уругваецот.

Се вчитува...