Барселона на чудесен начин се пласираше во четвртфиналето од ЛШ, станувајќи прв клуб што надминал негатива од 4-0 по првиот натпревар од литното европско натпреварување. Сепак, Луис Суарез е свесен дека фантастичниот реванш против ПСЖ мора да биде оставен во минатото бидејќи каталонците вечерва на стадионот во Торино имаат посериозен ривал – италијанскиот шампион Јувентус.
„Реваншот со ПСЖ е меч што ќе го паметиме до крајот на своите животи, но сега мораме за момент да го заборавиме. Пред нас е Јувентус, нема многу тимови во Европа кои се на нивото на италијанскиот првак, кој не само што доминира во својата земја, туку и има специјални фудбалери кои ќе знаат како да ја казнат секоја наша грешка. Едно е сигурно, ние нема да отстапиме од нашиот вообичаен стил на игра, тоа е она по што Барса е препознатлива и со што освојува трофеи. Јас дојдов од Ливерпул во Барселона за да освојувам пехари, веќе еднаш триумфирав во ЛШ, сега сакам да дојдам до уште една титула во елитното европско натпреварување“ – истакна Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА