Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, доби дополнителна суспензија од три натпревари во МЛС лигата за инцидентот по финалето на Лига купот против Сиетл на 31 август. По поразот на неговиот тим (3:0), Уругваецот се скара со противничкиот терен, а потоа плукна по член на тренерскиот штаб на противникот.
Како резултат на тоа, Суарез ќе ги пропушти лигашките натпревари против Шарлот (13 септември), Сиетл (16 септември) и Ди Си Јунајтед (20 септември). Дисциплинската комисија на Лига купот веќе го суспендираше Суарез на шест натпревари во идните изданија на тоа натпреварување.
Фудбалерот набрзо се огласи на социјалните мрежи и јавно се извини:
„Тоа беше момент на голема фрустрација и тензија веднаш по завршувањето на натпреварот. Тоа не ја оправдува мојата реакција. Направив грешка и искрено се извинувам. Тоа не е сликата што сакам да ја оставам пред моето семејство и клубот.“
Но, ниту извинувањето не помогна, Уругваецот ќе мора на ладење. И неговиот клуб Интер Мајами упати извинување, и го осуди однесувањето на своите играчи во ова финале.
Освен Суарез, суспензија добија и Серхио Бускетс (три меча) и Томас Авилес (три меча).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

