Луис Суарез водеше беспоштедна битка со дефанзивците на Реал Мадрид и беше меѓу најдобрите на теренот, постигнувајќи го првиот и асистирајќи при вториот гол за Барселона. Уругваецот по мечот призна дека имало контакт со Варан при акцијата за вториот погодок на каталонскиот гигант, па и тој самиот очекувал судијата да ја прекине играта.
„Варан ја имаше топката во нозе, јас се обидов да ја одземам. Го удрив со ногата, очекував свиреж и се изненадив кога судијата не реагираше. Тоа е фудбал, судиите некогаш се во право, некогаш грешат“ – изјави Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА